Вечерва започнува Светското првенство за фудбалери до 20 години, настан кој требаше да се одржи во Индонезија, но на Азијците им беше одземено пред еден месец, затоа што не сакаа да го примат Израел, па младинскиот Мундијал ќе се игра во Аргентина.
Земјата која е актуелен светски првак во сениорска конкуренција, е најтрофејна на младинските првенства со шест титули, но последната во 2007 година. Во минатото, СП за играчи до 20 години имаат освојувано Диего Марадона и Лионел Меси, но Аргентина во моментов нема талент од таков калибар.
Најголема млада ѕвезда им е Алехандро Гарначо, но Манчестер јунајтед кој уште има клупски обврски, не му даде дозвола на Гарначо да игра на младинското СП, па Гаучосите ќе бидат ослабени. Сега главен адут им е Лука Ромеро.
Актуелен првак е Украина, но Украинците ќе ги нема во Аргентина, па светот ќе добие нов младински шампион. На мечевите од младинското СП може да се обложите во Sport Life.