Ракометното Светско првенство за жени стартува денеска во Шпанија. Во првиот меч на планетарниот собир, домаќинот е огромен фаворит против Аргентина.
Нема дилема дека Црвената фурија ќе победи, прашање е дали тоа ќе биде со разлика поголема од 10 голови, колку што е основната граница за обложување во Sport Life.
Првпат Мундијалот е со 32 селекции, но ја нема Македонија.
Националните селекции се поделени во осум групи со по четири репрезентации, а место во следната фаза ќе обезбедат трите најдобри.
ГРУПА А: Франција, Црна Гора, Ангола, Словенија.
Група Б: Русија, Србија, Камерун, Полска.
Група Ц: Норвешка, Романија, Казахстан, Иран.
Група Д: Холандија, Шведска, Порторико, Узбекистан.
Група Е: Германија, Унгарија, Чешка, Словачка.
Група Ф: Данска, Јужна Кореја, Тунис, Конго.
Група Г: Хрватска, Јапонија, Бразил, Парагвај.
Група Х: Шпанија, Австрија, Аргентина, Кина.