Стартува Светското првенство: Сигурица е да се игра на Унгарија, Србија и Шпанија

Од денеска Унгарија е домаќин на Светското првенство во ватерполо, на кое учествуваат 16-те најдобри селекции. Репрезентациите се поделени во четири групи со по четири екипи, а најдобрата во секоја група обезбедува директно место во четвртфиналето, додека второ и третопласираните ќе играат во осминафиналето. Последните екипи во групната фаза ќе бидат од 13-то до 16-то место на крајот.

Ова ќе биде 19-то Светско првенство во ватерполо, кое првпат било одиграно во 1973 година. Домаќинот Унгарија е меѓу главните фаворити, а во конкуренција за висок пласман секогаш се и Србија, Шпанија, Италија, Црна Гора, а опасни знаат да бидат и Хрватска и Грција…

Во денешното прво коло токму дуелот Грција – Хрватска е дербито на денот, а ќе биде интересно и на мечот САД – Србија. Домаќинот Унгарија треба да започне со победа, иако за ривал ја има Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести