Кларенс Битанг повторно е повикан во репрезентацијата на Камерун, и тоа за блокот мечеви во март, едниот квалификациски против Комори, а вториот пријателски против Гана.
Одличниот играч од средниот ред на Вардар по шести и најверојатно и седми пат ќе настапи за реномираната африканска селекција, што е големо признание и за него и за неговиот сегашен клуб.
Од Камерунската фудбалска асоцијација испратија официјално барање до Вардар, 26-годишниот фудбалер да биде ослободен од обврските за квалификацискиот дуел со Комори на 22-ри март и за пријателскиот со Гана, во Акра, два дена подоцна.
Битанг има пет настапи за Камерун, а таман навреме ќе се врати во националната селекција, која е голем фаворит против Комори и ѝ треба реми за да се пласира на африканскиот Куп на нациите што ќе се игра во Египет.
Потоа со својата селекција ќе игра во Акра, на гостински терен против Гана.