Реал Мадрид и Челзи во минатата сезона од Лигата на шампионите играа меѓусебе во полуфиналето, а сега може да се случи тие да се сретнат уште во осминафиналето.
Статистичарите математички пресметаа дека најверојатен осминафинален пар во ЛШ е Реал – Челзи, и тоа со дури 32 отстотна веројатност. Ако Аталанта се пласира во осминафиналето, а не Вилјареал, тогаш ќе има 28 проценти шанси за Реал – Челзи, но и така тоа ќе биде најверојатен осминафинален пар.
Ако Вилјареал оди понатаму, тогаш 52 проценти се шансите Реал во осминафинале да се игра дерби против ПСЖ или Челзи.
Ограничувањето дека не смее да се игра со противник од иста земја во осминафиналето, како и дека не може да се игра со ривал со кој сте биле во групната фаза, Реал како победник во својата група, за потенцијални противници ги има ПСЖ, Челзи, Спортинг, Бенфика и Салцбург, а на листата може да се приклучи и Аталанта.
Кралскиот клуб имаше среќа што испаднаа Барса и Севилја, бидејќи ако тие одеа понатаму, Реал ќе имаше само три можни ривали при ждрепката, од кои два се многу силни (ПСЖ и Челзи).
И кај Челзи има ограничен број на противници со оглед на тоа дека три англиски клубови беа првопласирани во своите групи, а Сините од Лондон не може да играат ниту со Јувентус. Можни противници на Челзи му се само Ајакс, Баерн, Реал Мадрид и Лил.