Статистичарите пресметаа колку гола ќе има Халанд на крајот од сезоната во Премиер лигата ако продолжи со ова темпо (ФОТО)

Ерлинг Халанд го постигна 11-от гол во Премиер лигата за Манчестер сити кој го победи Вулверхемптон со 3:0.

Неверојатниот Норвежанин севкупно има 14 погодоци во сите натпреварувања, а во просек постигнува гол на секои 39.4 минути.

Според статистичарите, ако Халанд продолжи со ова темпо, тој по крајот на оваа сезона во Премиер лигата ќе има неверојатни 57 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести