Статистички Донарума е најдобриот светски голман во моментов, Онана не е ниту помеѓу првите 100

Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) го објави рангирањето на најдобрите светски голмани во моментов. На првата позиција е голманот на ПСЖ, Италијанецот Џанлуиџи Донарума со 95,5 поени од можните 100.

На втората позиција е Јан Сомер, репрезентативецот на Швајцарија и член на Интер, додека на третата позиција е белгискиот голман од Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Според многумина, најдобриот голман во моментов, Алисон Бекер од Ливерпул, е рангиран дури на 33-тата позиција, а чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед, Андре Онана, воопшто не е ниту првите 100 на оваа листа.

- Оглас -

Најнови вести