Статистички вели: Англиско финале во Лигата на шампионите

Англиско финале меѓу Манчестер сити и Челзи во Лигата на шампионите предвидува веб-страницата која се занимава со фудбалска анализа и статистика „Инфогол“.

Според резултатите од првите четврфинални дуели, направена е пресметка според која Граѓаните и Сините имаат најголеми шанси да се сретнат на 29 мај на „Ататурк“ стадионот во Истанбул.

Сити секако брка прв пласман во големото финале, а Челзи еднаш играше англиско финале во 2008 година, кое го загуби од Манчестер јунајтед на пенали. Последното финале во кое за титулата се бореа две англиски екипи, беше во 2019 година кога Ливерпул ја освои шестата европска титула против Тотенхем.

Челзи делува како најсигурен во пласманот во полуфиналето, по гостинската победа од 0-2 над Порто. Во битката за големото финале, тимот на Тухел ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, каде што Кралевите имаат предност од 3-1 по првата средба.

Тимот на Пеп ќе треба да брани резултат од 2-1 на гостувањето кај Дортмунд во реваншот, а подобриот од овој двомеч ќе ги одмери силите против ПСЖ или Баерн Минхен. Поголеми се шансите тоа да бидат Светците од Париз, кои го надиграа европскиот првак со 3-2 среде Минхен.

Можно финале:

Манчестер сити – Челзи 23%

Манчестер сити – Реал Мадрид 18%

ПСЖ – Челзи 16%

ПСЖ – Реал Мадрид 8%

Манчестер сити – Ливерпул 6%

- Оглас -

Најнови вести