6.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Статистика која е шокантна: Барселона во Европа има само една победа во 15 меча со екипи од Топ 5 лигите

Барселона првпат во 21 век е елиминирана од европските купови уште во февруари. Каталонскиот гигант втора година по ред не може да ја помине групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа е елиминиран од Лигата на Европа.

Овојпат Барселона загуби од Манчестер јунајтед во дербито на оваа фаза од натпреварувањето со 2:1 на „Олд Трафорд“ и ако се знае дека првиот меч заврши 2:2, автоматски тоа беше крај за тимот на Чави Ернандес.

Неверојатен е фактот дека Барселона во последните 15 натпревари во европските купови против екипи од Топ 5 лигите во Европа има дури девет порази, пет нерешени и само една победа.

Барселона во претходните 50 средби против екипи од Топ 5 лигите имаше само девет порази (плус 10 нерешени и 31 победа), а сега девет порази нареди само во 15 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести