Статистика која не оди во прилог на неприкосновениот Ливерпул

Убедливите 3-0 на гостувањето кај Барнли значеа дека Ливерпул по првиот месец од обврските во Премиер лигата ќе го преземе лидерското место на табелата со максимални 12 бода. Црвените претходно ги совладаа Арсенал, Саутхемптон и Норич за учинок „четири од четири“ на стартот од сезоната и најавија дека повторно ќе бидат меѓу главните претенденти за титулата

Во септември влегоа како лидери, но тоа не е добра вест за Ливерпул, само поради една статистика. Имено,  10 од 12 екипи во изминативе сезони кои биле на врвот на табелата во август, на крајот не успевале да станат шампиони. Исклучок е тимот на Челзи во два наврати, во сезоните 2009/10 и 2014/15 ја освојувале шампионската титула во ситуација кога биле први на табелата во првиот месец од сезоната.

Ливерпул и минатата сезона беше на врвот по првите три кола во август, исто така со максимален учинок, а на крајот потфрлија во обидот да го освојат престижниот пехар кој за еден бод повеќе заврши повторно во таборот на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести