Статистика која покажува дека Леброн Џејмс како да не е од оваа планета

Лебон Џејмс сигурно е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, тоа го потврдува со играта на паркетот повеќе од две децении. Неуништливиот Џејмс е најдобар стрелец во историјата на НБА и ита кон фамозната бројка од 40.000 поени.

Ветеранот кој има 40 години, ја игра 21-вата сезона во НБА. Малку се кошаркарите кои успеале толку долго да останат во најсилната кошаркарска лига во светот, а статистиката покажува дека Леброн е далеку над сите претходници кои играле толку долго во НБА.

Сезонава Леброн во просек игра 33 минути и постигнува 25,1 поени по меч. Ниту еден од останатите кошаркари кои играле во 21-вата сезона немаат ни приближно вакви бројки како ѕвездата на НБА.

Винс Картер во 21-вата сезона во НБА имаше просек од 7,4 поени за 17,5 минути поминати на терен. Дирк Новицки е со просек од 7,3 поени во 15 и пол минути на теренот, а Кевин Гарнет е со просек од 3,2 поени во 14 и пол минути во просек на средба.

- Оглас -

Најнови вести