28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Статистиката на Ливерпул ја открива причината за лошите резултати во последно време

Последната седмица беше катастрофална за екипата на Ливерпул. Најпрво загубија на домашен терен од Аталанта во Лигата на Европа со 0-3, а потоа и во Премиер лигата од Кристал палас со 0-1 и веќе се далеку и од двата трофеи.

Сепак, еден статистички податок открива многу за проблемите на Ливерпул и Јирген Клоп. Од последните 147 удари кон противничкиот гол, фудбалерите на Ливерпул постигнале само девет гола, што значи им биле потребни дури 16 удари за да постигнат еден гол.

Навистина звучи неверојатно екипа со такви фудбалери да има ваква неефикасност, но сепак ако во Европа се далеку од полуфинале, во Премиер лигата имаат заостанување само од два бода од лидерот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести