Статистиката открива во кој период има најмногу голови, која дефанзива е најдобра, од чиј напад најмногу се плашат

Вкупно 44 меча се одиграа на Европското првенство во Германија, а во борба за трофејот останаа најдобрите осум репрезентации. Во досегашниот дел од турнирот беа постигнати точно 100 погодоци, што ќе дојде по 2,28 гола во просек на меч, или по еден погодок на секои 40 минути игра.

По интервали, најбогат со погодоци е периодот од 16-та до 30-та минута, кога биле постигнати вкупно 20 гола. Потоа следува периодот од 46-тата до 60-тата минута со 16 гола, а по 14 погодоци има во интервалите од првата до 15-тата, односно од 61-вата до 75-тата минута.

Идентичен број од по 12 гола паднале во периодот од 76-тата до 90-тата минута, како и по 90+, односно во судиското надполнување на второто полувреме. Најмалку голови има во периодот од 31-вата до 45-тата минута, само осум, а во судиското продолжение од првите 45 минути биле постигнати само три погодоци.

Германија е најефикасната репрезнетација со 10 погодоци, а потоа следува Шпанија со девет. По седум гола имаат постигнато Австрија, Турција и Швајцарија, а интересно е дека само Австрија од овие најефикасни не е дел од четвртфиналето.

Португалија има најголем посед на топка 65,2, а потоа следуваат Германија, Англија, Шпанија, Хрватска, Холандија. Во прецизност на додавања предничи Германија со 92,2 отсто успешност, а потоа се Шпанија и Франција со над 90 отсто прецизни додавања.

Грузија е репрезентацијата која имала најмногу одбрани, дури 29, а потоа се Романија и Полска со по 16 одбрани. Франција и Шпанија ги имаат најцврстите одбрани и на три од четирите дуели не прими ниту еден гол.

Холанѓанецот Коди Гакпо со три гола и една асистенција е прв стрелец на турнирот. По три гола имаат и Микаутадзе (Грузија), Мусијала (Германија) и Шранц (Словачка).

- Оглас -

Најнови вести