4.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Статистиката покажа: Дури 13 години не е видено вакво дерби меѓу Милан и Интер

Милан со 3:2 го победи градскиот ривал Интер во дерби кое беше едно од највозбудливите во последните 20 години. Нераѕурите први дадоа гол, но Милан се врати со три погодоци и потоа Един Џеко погоди само за намалување на 3:2.

Според статистиката, ова дерби беше едно од најофанзивните барем кога ќе се пресметаат упатените удари кон противничките голови. Имаше вкупно 37 шута кон двата гола и тоа е трет најголем број удари од 2004 година до сега.

Повеќе шутеви на головите имало само на 15 февруари 2009 година кога двете екипи шутирале вкупно 39, а во октомври 2006 година биле упатени дури 41 удари.

- Оглас -

Најнови вести