Вкупно 36 меча се оидграа на Европското првенство во Германија и во игра останаа најдобрите 16 репрезентации. Во групната фаза имаше некои интересни, но и мечеви кои беа предвидливи и со многу тактизирање.
Статистиката покажува дека во досегашниот дел од турнирот се постигнат 81 гол односно 2.25, погодок. Тоа значи дека мрежата се тресе на секои 40 минути. Кога се работи за интервалите, голманите најмногу капитулирале во периодот од 16 до 30 минута. Во овој период биле постигнати дури 17 погодоци. Потоа следат почетните 15 минути, па во периодот од 1 до 15 минута имало 13 голови.
Делува малку нереално, но кулминација на возбудувањата има по 90 минута, па откако судијата ќе покаже уште колку време има да се доигра, досега се постигнати дури 10 голови, иако тука се работи за период од само неколку минути.
Од тоа што беше покажано во групната фаза, јасно е дека во првите две кола се играше многу поотворено, фајтерски, додека кога дојде последното трето коло, сите селекции се затворија и играа многу попретпазливо.
Токму затоа во 12-те средби од третото коло, на дури 10 немаше повеќе од два гола. Единствено Турција со 2:1 што ја победи Чешка и тоа со гол во 90+4 минута, а голгетерски фестивал имаше на Холандија – Австрија по кој Австриците се радуваа со 3:2.