Хари Кејн заедно со уште петмина други фудбалери ја поделија наградата за најдобар стрелец на Европското првенство, но на крајот остана без тоа што најмногу го посакуваше, а тоа е титулата со Англија. Во финалето против Шпанија, Кејн играше само 61 минута, а потоа беше повлечен на клупата, а на негово место влезе Оли Воткинс.
Слаб беше учинокот на Кејн во финалето затоа и беше заменет само по еден час игра. И не само на ова финале, туку и во финалето на ЕП, кое се играше пред три години, а Англија го загуби на пенали од Италија, Кејн потфрли.
Статистичарите забележаа дека во двете последни финалиња на ЕП, Кејн имал само еден допир со топката во противничкиот шеснаесетник, што секако е премалку за врвен голгетер од негов калибар.
Англичаните направија и споредба меѓу Кејн и Џек Грилиш. Ако Кејн имал само еден допир во противничкиот шеснаесетник во двете последни финалиња, Грилиш бил многу поактивен и имал два допири со топка во опасната зона. Интересно е дека Грилиш во финалето пред три години играше само 21 минута, а оваа година овој фудбалер воопшто не беше повикан во составот на Англија за настап на ЕП.
1 – Harry Kane had just one touch in the opposition box across the EURO 2020 and EURO 2024 finals against Italy and Spain, one fewer than Jack Grealish had; Grealish played 21 minutes in the 2020 final and didn’t make the EURO 2024 squad. Uninvolved. pic.twitter.com/IzvN6pdnps
— OptaJoe (@OptaJoe) July 14, 2024