Пари Сен Жермен минимално со 1:0 славеше против Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Францускиот тим до победата стигна буквално во последните секунди од мечот кога Килијан Мбапе погоди во 94-тата минута од мечот.
Статистиката од овој дуел покажува дека Реал Мадрид и покрај поразот, треба да е задоволен. Мадриѓаните во текот на целиот меч упатија само три шута кон голот на домаќините и ниту еден не одеше во рамките на голот. Во последните 18 години од ЛШ, Реал не одиграл натпревар на кој упатил помалку шутеви.
За разлика од Реал, играчите на ПСЖ шутраа дури 21 пат кон голот на Тибо Куртоа, а осум беа во рамките од голот. Разликата од 18 шута помалку на Реал во однос на ПСЖ е најголема за Кралскиот клуб во меч од Лигата на шампионите.
На овој меч, ПСЖ промаши и пенал, кога Куртоа во второто полувреме го одбрани шутот на Лионел Меси.
3 – Real Madrid have only attempted three shots against PSG, their lowest tally in a Champions League match since 2003/04, and faced 21, their biggest negative difference between attempts and conceded since then in a game in the competition (-18). Suffering. pic.twitter.com/AVOMIfB1LW
— OptaJose (@OptaJose) February 15, 2022