Приматот за „статива на денот“ вчера дефинитивно е за обложувачот кој ни го испрати своето ливче на кое има наредено 40 мечеви, а успеал да погоди 38 од нив. Само за по еден гол на два меча, тикетот ќе му донесеше 1.000 евра со само 20 денари уплата.
Филозофијата на сите одбрани мечеви му е иста. Да има барем два гола во текот на 90 минути од мечот. Најголемиот дел од натпреварите се од познатите европски лиги, а мечевите кои му ја скратиле радоста се Анже – Ним во француското првенство и Коњаспор – Бешикташ. Во Франција, домаќините победија со 1:0 што значи дека било потребно само уште еден погодок за да биде „заокружен“ и овој пар. Малерот да биде поголем, само овој дуел од вчерашните натпревари во француската прва лига не заврши 2+. И во случајот со турскиот пар ситуацијата е иста. Само на Коњаспор – Бешикташ немаше два гола. Гостите славеа со 1:0.
И покрај тоа што тикетот е недобитен, стратегијата е одлична. Со сигурни коефициенти, се бројат голчињата без разлика во која мрежа се постигнати.