Кевин де Бројне го одигра својот последен натпревар на „Етихад“ како играч на Манчестер сити, па клубот во кој мина цела деценија му приреди свечено испраќање.
Белгиецот, кој е еден од најдобрите фудбалери за врска во историјата на Премиер лигата, го напушта клубот како легенда и тешко ќе му биде по ова да направи трансфер во друг англиски тим.
Де Бројне во 69-тата минута излезе од игра и доби овации, а по натпреварот одржа трогателен говор. Додека го слушаше Кевин, менаџерот Хосеп Гвардиола се расплака.
Белгискиот офанзивен играч од средниот ред, кој има 33 години, пристигна од Волфсбург во 2015 година за сума од 75 милиони евра, што тогаш беше рекордна сума платена од Сити за играч. Оттогаш, КДБ одигра 421 натпревар за Сити, постигнувајќи 107 гола и асистирајќи за 177. Освои шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, два ФА купа и пет Лига купови.
Тој ќе добие и статуа со неговиот лик пред стадионот на Сото.
За перфектна вечер потребно беше само уште Де Бројне да постигне гол. Имаше прекрасна шанса, но ја погоди пречката:
Kevin De Bruyne really missed this on his last game at Emptyhad! Bro is washed💀 #MCIBOU pic.twitter.com/QLULY6bc8H
— 37 (@MainooMagic_) May 20, 2025