Статуата на Битлси „украсена“ со шалчиња од Порто

Повеќе од 3.000 фанови на Порто се очекува да бидат на трибините на „Енфилд“ и да го бодрат својот тим на гостувањето кај Ливерпул, а денеска додека се шетаа по улиците на градот на Битлси, за португалските навивачи најинтересен беше споменикот на легендарната музичка група.

Освен тоа што се фотографираа со статуата на која се Џон Ленон, Пол Меккартни, Ринго Стар и Џорџ Харисон, навивачите на Порто на кои од „бубачките“ им ставаа и сино-бели шалови со клупските обележја на клубот кој вечерва гостува кај Ливерпул во четвртфиналето од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести