Статус кво за Македонија на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската машка фудбалска репрезентација и понатаму е на 65-тото место на светската ранг-листа. Денеска Светската фудбалска федерација, ФИФА, го објави своето најново месечно рангирање и кај нашиот национален тим нема никакви поместувања.

И понатаму Македонија има 1.362 поени како минатиот пат, и понатаму сме 65-ти на светот (први соседи ни се Хондурас, кој е 64-ти, и Албанија, која е 66-та), а исто така остануваме 34-ти во Европа.

Нема никакви поместувања на првите 30 позиции на листата. Прва и понатаму е Белгија, а во Топ 10 влегуваат уште Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија. Од нашите противници на ЕП, Холандија е 14-та, Австрија е 23-та, а Украина веднаш зад неа на 24-то место.

- Оглас -

Најнови вести