Македонскиот крос-контри скијач Ставре Јада со 89-тото место во дисциплината спринт оствари резултат во рамките на очекувањата и рејтингот што го имаше според пријавеното време со кое се квалификуваше.

Јада настапи со стартен број 90, а учествуваа 95 олимпијци. Нашиот претставник беше подобро пласиран од шестмина учесници на овој спринт. Во следната рунда отидоа 30-те најдобри, па Ставре сега може да се фокусира на трката на 10 километри, на која ќе настапи на 13 февруари.

