Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот календар на настапи за нашите олимпијци на Игрите во Милано и Кортина.

Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена. Прв ќе се појави Ставре Јада во Нордиско скијање (крос-контри), и тоа во дисциплината спринт. Трката почнува во 9.55 часот. Јада ќе настапи и на 13, на трката на 10 километри.
Ана Цветановска на 12 февруари во 13 часот ќе се трка на 10 км.
Скијачот Виктор Петков ќе се појави во велеслалом на 14 февруари, првата трка е од 10 часот. Еден ден подоцна, на 15 Јана Атанасовска исто така ќе настапи во велеслалом.
Јана на 18 ќе учествува и во слаломската трка и тоа ќе биде последен настап на македонските олимпијци на ЗОИ 2026.

