Македонскиот судија Александар Ставрев, заедно со Марјан Кировски, Дејан Костадинов и Димитар Мечкаровски, вечерва ќе бидат судии на натпреварот од фудбалската Лига на Европа помеѓу унгарски Ференцварош и руската ЦСКА Москва.
Дуелот во Будимпешта може да значи и елиминација на рускиот тим. Пораз за Армејците ќе значи губење на шансите да се пласираат понатаму, а и губење пари. Во ЦСКА планираа парите кои би ги земале од УЕФА за добар резултат во Лигата на Европа, да ги потрошат за исплата на рата од позајмицата за изградба на стадион.
Секоја победа во групите се наградува со 570.000 евра, а за прво и второ место се добиваат 1 милион, односно 500.000 евра.