Стеф Кари беше незадржлив, Бостон и Кливленд сигурни на свој терен (Видео)

Стеф Кари влезе во плејоф ритам и е најзаслужен за победата на неговиот Голден Стејт вориорс на гостински терен кај Хјустон од 95:85, во дербито на Западната конференција. Со оваа победа, Голден Стејт поведе со 1:0 во победи.

Воините во првото полувреме беа подобри и го добија со 47:34, а во второто полувреме гостите продолжија со одличниот ритам и во еден момент водеа дури и со 23 поени разлика (64:41). Хјустон не се предаде и на почетокот на последната четвртина намали на девет разлика (69:60), а во еден момент предноста на гостите се стопи на само три поени (76:73).

Во решавачките моменти, на сцена стапи Стеф Кари кој не дозволи неговиот тим да направи од готово-вересија. На крајот Кари постигна 31 поени (постигна пет тројки), а имаше и шест скока и три асистенции. Кај победничкиот тим одличен беше и Батлер со 25 поени, седум скока и шест асистенции, а двоцифрен беше и Подзиемски со 14 поени, осум скока и пет асистенции. Кај Хјустон најпрецизен беше Сенгур со 26 поени.

Бостон на доминантен начин го совлада Орландо во првиот меч. Фаворитот на свој терен победи со 103:86. Гостите се држеа во првото полувреме и на полувреме водеа со 49:48, но потоа Бостон го засили ритамот и на крајот победи со 17 разлика.

Сигурен на свој терен беше и Кливленд кој славеше над Мајами со 21 разлика, 121:100. По три четвртини Кливленд имаше осум поени предност, а во решавачкиот период домаќините одиграа фантастично и стигнаа до убедлива победа.

Во историската вечер во НБА плејофот Оклахома постави рекорд со победата од 51 разлика против Мемфис.

- Оглас -

Најнови вести