Стеф Кари беше незадржлив, Шарлот направи чудо во Калифорнија (Видео)

Стеф Кари одигра уште еден фантастичен меч и на крајот го предводеше својот Голден стејт до победа против Орландо од 121:115, во еден од шесте меча кои се играа ноќеска во НБА-лигата. Првата ѕвезда на Воините постигна 36 поени, а посебно се истакна во последната четвртина, кога нареди 13 поени во низа во моментите кога се одлучуваше победникот.

Домаќините доминираа и победија на пет од шесте средби, а токму гостинската победа на Шарлот кај Сакраменто е најголемото изненадување. Хорнетс имаа 11 порази по ред и речиси да не им се даваат никакви шанси да се радуваат на гостувањето во Калифорнија, но токму тоа се случи.

Сакраменто водеше во најголем дел од мечот, но во ниту еден момент таа предност не беше со двоцифрена разлика, па Шарлот веруваше дека може да изненади, што и се случи на крајот. Гостите губеа со 104:101, а потоа следуваше нивна серија од 10:0, што им донесе триумф од 111:104.

Резултати: Филаделфија – Чикаго 110:97, Мемфис – Сан Антонио 106:98, Њу Орлеанс – Бруклин 112:85, Оклахома – Бостон 127:123, Голден стејт – Орландо 121:115, Сакраменто – Шарлот 104:111.

- Оглас -

Најнови вести