Стеф Кари е од друга планета, Голден стејт игра како во шампионските денови (ВИДЕО)

Стеф Кари со 45 поени и 10 скока го предводеше Голден стејт до втората победа, овојпат над Лос Анџелес клиперс од 115:113.

Најдобриот кошаркар во историјата на оваа франшиза повторно беше во свој елемент откако дури 25 поени ги постигна во првата четвртина. Интересно е што немаше ниту едно промашување во првите 12 минути, односно беше на скор од девет од девет, од кои дури петпати постигна тројка.

Сепак, на крајот домаќините мораа да се помачат за победата бидејќи во последната четвртина влегоа со негатива од шест поени (90:96) откако во првото полувреме во еден момент беа во „плус“ 19 (61:42).

Кај гостите од Лос Анџелес, најдобар поединец беше Пол Џорџ, кој исто така запиша „дабл-дабл“ со 29 поени и 11 скока.

Мајами хитс, пак, на домашен терен му одржа лекција на актуелниот првак Милвоки Бакс и го победи со убедливи 137:95. Триото: Херо (27 поени), Батлер (21 поен) и Адебајо (20 поени) ги носеа „жешките“ до убедливата победа, а од другата страна, Јанис Адетокумбо немаше соодветен одговор и на крајот средбата ја заврши само со 15 коша.

Ноќната програма беше отворена со средбата Атланта – Далас Маверикс, која исто така им припадна на домаќините со 113:87.

Камерон Редиш даде 22 поени, додека Тре Јанг запиша 19. На спротивната страна, Лука Дончиќ имаше „дабл-дабл“ од 11 поени и седум скока, но не успеа да му помогне на својот тим да дојде до победа во првата средба од новата НБА-сезона.

НБА

Атланта хокс – Далас маверикс 113:87

Мајами хитс – Милвоки бакс 137:95

Голден стејт ворирорс – Лос Анџелес клиперс 115:113

- Оглас -

Најнови вести