Стеф Кари ги испрати Јокиќ и Нагетс на летен одмор (Видео)

Голден стејт вориорс го елиминира Денвер нагетс со 4-1, а со истиот резултат и Милвоки бакс беше поуспешен од Чикаго булс, па од рано утрово познати се уште два конференциски полуфиналисти.

Вориорс во петтиот меч победија со 102-98 благодарение на добрата игра во последната четвртина, која ја добија со 32-20.

Воините од Сан Франциско за првпат по 2019 година успеаја да добијат една плејоф-серија и покажаа дека кога се здрави Кари, Томпсон и Грин, тоа е опасен тим. Од друга страна, Денвер премногу се потпираше на Јокиќ, Србинот одигра супер (на последниот меч сезонава имаше 30 поени, 19 скока и 8 асистенции), но имаше слаба поддршка од соиграчите. Следен противник на Голден стејт ќе бидат Мемфис или Минесота.

На Истокот, актуелниот првак Милвоки прилично лесно излезе на крај со некомплетните Бикови. Утрово Елените триумфираа со 116-100 откако доминираа во првите три четвртини, па на гостинот во финишот му дозволија да избегне дебакл.

Во конференциското полуфинале, Бакс ќе се сретне со Бостон селтикс, кој во првата рунда со „метла“ го реши ѕвездениот состав на Бруклин нетс.

- Оглас -

Најнови вести