Стеф Кари го надмина рекордот на Реџи Милер

Голден Стејт загуби на гостувањето кај Јута џез, но првата ѕвезда на Воините, Стеф Кари ќе го памти мечот, затоа што успеа да го надмине легендарниот Реџи Милер по бројот на постигнати тројки во НБА. Со шут од аголот, Кари успеа да стигне до 2.561 тројки во кариерата и да го надмине Милер кој досега беше вториот најдобар стрелец за три поени со 2.560 погодени удари од далечина.

Кари успеа да стигне до оваа бројка во 715 натпревари, а сега ја игра 12-тата сезона, додека на Милер му беа потребни дури 1.389 средби во 18-годишната кариера. Сега пред Кари е само еден играч во историјата на НБА со повеќе погодени тројки. Тоа е Реј Ален, кој во кариерата успеа да реализира 2.973 тројки, што значи дека е со над 400 тројки повеќе од вториот на листата.

По завршување на мечот, Милер лично му се јави на Кари и му честиташе за постигнувањето. За жал на Кари, Голден Стејт загуби на гостувањето кај Јута со 127:108.

 

 

Резултати: Бруклин – Мајами 128:124, Детроит – Филаделфија 110:114, Минесота – Њу Орлеанс 120:110, Чикаго – ЛА Лејкерс 90:101, Далас – Хјустон 108:133, Феникс – Денвер 112:120 (по продолженија).

- Оглас -

Најнови вести