Стеф Кари и Клеј Томпсон вечерва се во ситуација во која никогаш досега не биле

НБА-шампионот Голден стејт вориорс губи со 0:2 од Сакраменто во првото коло од плејофот и вечерва првпат игра на домашен терен во оваа серија, во обид да намали на 1:2. Откако во дресот на Воините се Стеф Кари и Клеј Томпсон, Голден стејт никогаш претходно немал заостанување од 0:2 во плејоф-серија.

Со 0:2 негатива, на свој терен влегува и Бруклин против Филаделфија. За разлика од Голден стејт, кој дома секогаш е фаворит, Бруклин тешко дека ќе може да се спротистави на 76-ките.

Лос Анџелес клиперс е домаќин на Феникс санс во серија која моментално е израмнета 1:1.

Дури 36 играчи кои ноќеска треба да бидат на НБА терените, се дел од понудата „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести