Дури 11 мечеви се одиграа во НБА лигата, а највозбудливо беше во Сан Франциско каде Голден Стејт славеше над Феникс и тоа минимално со 113:112. Во текот на целиот меч ниту една од двете екипи немаше водство повисоко од седум разлика, па јасно беше дека ќе биде неизвесно до крајот.
Голден Стејт водеше со 110:109, кога гостите постигнаа тројка и делуваше дека ќе се радуваат на крајот. Сепак, така не мислеше Стеф Кари. Најдобриот шутер на тројки во историјата на НБА имаше време од само 2,7 секунди за да смисли нешто и успеа. Само што ја доби топката, Кари шутираше од далечина и погоди на 0,7 десетинки до крајот, време во кое гостите немаа шанса да реализираат, па Воините на крајот се радуваа.
https://twitter.com/i/status/1756529537540636838
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Далас – Оклахома 146:111, ЛА Клиперс – Детроит 112:106, Бруклин – Сан Антонио 123:103, Шарлот – Мемфис 115:106, Орландо – Чикаго 114:108, Вашингтон – Филаделфија 113:119, Атланта – Хјустон 122:113, Њујорк – Индијана 111:125, Торонто – Кливленд 95:119, Портланд – Њу Орлеанс 84:93.