20.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Стефан Ашковски потпиша за Раднички Ниш

Стефан Ашковски официјално е нов играч на Раднички Ниш. По десет години минати низ голем број клубови ширум Европа, македонскиот репрезентативец се враќа во српскиот фудбал.

За последно настапуваше во кипарскиот Етникос Ахна, а беше поврзуван и со Вардар.

„Раководството ме сакаше уште пред две години, но тогаш не успеавме. Сега сè е во ред и ми е чест што доаѓам во клуб со традиција, историја и верни навивачи. Целта ни е да обезбедиме пласман во плејофот, а јас ќе дадам максимум на секој тренинг и натпревар за да ги оствариме нашите амбиции“, изјави Ашковски по потписот на договорот.

Во својата кариера 29-годишниот крилен играч настапуваше за Партизан, Шкендија, Ерчијеспор, Фортуна Ситард, Горник Лежна, Славија Софија, Ботошани, Сепси, Ламија, Алашкерт, Шанлиурфаспор и Етникос Ахна.


За македонската репрезентација Стефан Ашковски има 37 настапи.

- Оглас -

Најнови вести