Стефан Деспотовски на радарот на клубови од Русија и Белгија

Некогашниот македонски младински репрезентативец Стефан Деспотовски во зимскиот преоден рок го облече дресот на ОФК Београд и за само неколку месеци покажа дека е одличен.

Младиот 22-годишен дефанзивец се нашол на мета на клубови од Белгија и Русија, пишуваат српските медиуми. Конкретно, два белгиски и еден руски тим го меркаат Деспотовски, кој во пролетниот дел од српското првенство одигра 13 меча за ОФК Београд и е еден од најсигурните во дефанзивниот ред.

Се очекува во следните неколку дена да стигне и официјална понуда за момчето родено во 2003 година. Деспотовски ја помина школата на Црвена ѕвезда, а потоа во сениорскиот фудбал настапуваше за Работнички и Шериф. Тој има дури 24 настапи за младата репрезентација на Македонија, а ако продолжи со добрите игри можно е наскоро да добие повик и во А селекцијата на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести