[do_widget id=custom_html-5]

Аугсбург го украде „ајфонот“, почнаа возбудувањата од новото коло на Спортска прогноза

Поразот на Штутгарт кај Аугсбург од 4:1 го делеше Стефан Ш. од можноста да добие „ајфон 12“ на Спортска прогноза.

Играчот на бесплатното натпреварување во организација на Спорт Манија и Sport Life, успеа да погоди 12 натпревари и на крајот мораше да се задоволи со ваучер од 1.000 денари во 11-тото коло, каде што имаше дури и 16 ваучери од по 500 денари.

Иако навистина е штета што гостите не триумфираа против Аугсбург, Стефан, а и останатите играчи немаат време за жалење бидејќи од денеска, 14:00 часот до сабота во 13:30 ќе можат да ги размислат натпреварите од 12-тата рунда на Спортска прогноза и да тргнат во нов лов на „ајфон 12“.

И ова коло изобилува со дерби-натпревари, а токму првиот од нив е големиот дуел меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити, кој е закажан токму за во сабота, од 13:30 часот.

Покрај оваа средба, за истиот ден, но од 18:30 се игра и дербито во Германија меѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Во недела, пак, во вечерниот термин (20:45 часот) се среќаваат Милан и Интер, а во Шпанија само 15 минути подоцна на мегдан ќе бидат Бетис и Севилја.

Правилата се јасни, а тие гласат дека мора сите 13 натпревари да бидат погодени за да се добие „ајфон 12“, доколку, пак, имате едно промашување, тогаш следува ваучер од 1.000, а со две промашувања ваучер од 500 денари.

Важни се бодовите и во Генералниот пласман, каде што лидер е Џ. Арбен со 91, пред Ј. Богољуб со 90 бода, а шампионот ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четворица прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.

Сè што треба за учество во бесплатната игра која Sport Life и Спорт Манија ја организираат четврта година по ред е да имате СЛ картичка.

 

- Оглас -

Најнови вести