Стефан Ристовски е повреден, нема да игра против австрискиот тигар, кој е непоразен дома 20 месеци

Аријан Адеми ќе го предводи составот на Динамо Загреб како капитен денеска против Салцбург, во многу важен меч од третото коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец е столб на популарните „Модри“ и ќе ги предводи во обидот да се направи нов успех, но крај себе ќе го нема вториот наш репрезентативец во Динамо, Стефан Ристовски.

Капитенот на македонската репрезентација отпадна од комбинација поради повреда и нема да игра против австрискиот тигар.

Салцбург апсолутно доминира во австриската Бундеслига, има активна серија од 9 шампионски круни по ред и веќе 20 месеци нема пораз на свој терен во сите натпреварувања.

Динамо по две кола е на второто место во Е групата со 3 бода, зад Милан со четири и пред Салцбург со два и Челзи со еден бод.

Ако загрепчани останат непоразени на „Ред Бул арената“ во Салцбург, ќе имаат одлични шанси да презимат во Европа бидејќи двете првопласирани екипи ќе продолжат во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а третопласираната екипа се сели во Лигата на Европа.

Мечот ќе се игра вечерва од 18.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести