Стефан Ристовски е суперхерој за навивачите на Динамо, откако „спаси“ мало дете од обезбедувањето во Вараждин (Видео)

Фудбалерите на Динамо Загреб со победата од 0-1 на гостувањето кај Вараждин ја продолжуваат мртвата трка со Риека за шампионската титула во Хрватска. Дел од победата беа и поранешните македонски репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а токму Ристовски е херојот на навивачите на Динамо.

После завршувањето на натпреварот, фудбалерите се упатија кон трибината каде што беа сместени навивачите на Динамо, Бед блу бојс, а едно момче втрча на теренот за да прослави со фудбалерите. Обезбедувањето веднаш го фати малото детенце и се обиде на раце да го изнесе. Кога Стефан Ристовски виде што се случува, веднаш влезе во дуел со обезбедувањето и го зеде детето заедно да прослави со фудбалерите, а малиот на крајот за спомен доби и дрес од Динамо Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести