Македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски, кој синоќа се повреди и не го доигра мечот против Ерменија во Никозија, денеска преку социјалните мрежи откри дека во следниот период ќе мора да остане во домашна изолација бидејќи тој и неговото семејство се позитивни на вирусот ковид-19.

Ристовски беше стартер на натпреварите против Грузија, Естонија и Ерменија.
„Ковид позитивно семејство. Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете безбедни и здрави“, порача фудбалерот на Спортинг Лисабон.
Има неофицијални информации дека и други членови на експедицијата кои патуваа во Тбилиси и Никозија се позитивни на ковид-19.