Македонскиот репрезентативен десен бек, Стефан Ристовски, има две понуди од Русија, и тоа од Динамо и Спартак Москва, а според португалските медиуми, поконкретна е онаа на Динамо. Преодниот рок во Русија трае до 17-ти октомври, па 28-годишниот Ристовски има помалку од една недела да реши дали ќе си замине од Спортинг каде не е пожелен од тренерот.
Трансферот на Ристовски во Русија треба да чини од 2,5 до 3 милиони евра, колку што бараат лисабонските Лавови. Стефан го носи дресот на Спортинг од 2017 година, и одигра 82 меча.
Динамо Москва е моментно шестопласиран во руската лига, со четири бода помалку од ко-лидерите Зенит и Спартак, па сакаат да се засилат и го таргетирале Ристовски.