Стефан Ристовски со милионски трансфер: Од Спортинг се сели во тим каде што има македонски репрезентативец

Стефан Ристовски во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Динамо Загреб. Ова го тврди португалскиот спортски весник „А Бола“. Според најавите, Спортинг и Динамо ги договориле сите детали околу договорот.

„Готово е. Решено е, Стефан Ристовски од Спортинг ќе се пресели во Динамо Загреб. Македонскиот крилен играч по десната страна заминува во хрватскиот тим за трансфер вреден 1,3 милиони евра отштета, плус 10 отсто од следниот трансфер на Ристовски“, стои во објавата на „А Бола“.

Ристовски има искуство со играње во хрватското првенство затоа што во минатото го носеше дресот на Риека, а потоа замина во Спортинг. Во португалскиот гигант помина три добри години, но сезонава го загуби местото во стартниот тим. Одигра вкупно 82 меча и имаше девет асистенции за погодок.

Во Динамо, Ристовски ќе биде соиграч со Аријан Адеми, кој ја има капитенската улога во хрватскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести