Стефани не им се плаши на Ливерпул и Челзи, тие треба да се плашат од неа

Французинката Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на вечерашниот европски Суперкуп во Истанбул помеѓу Ливерпул и Челзи. Според неа, глупост е дека е потешко да им се суди на мажите отколку на жените.

Фрапар вечерва испишува историја, ќе биде прва дама која судела дуел од машкиот Суперкуп на УЕФА, а и помошничките ќе бидат жени: Мануела Николоси и Мишел О`Нил. Тие три годинава го судеа финалето на Светското првенство за жени, а сега пред нив е нов предизвик.

„Мораме да покажеме дека технички и физички сме исти како мажите. Не се плашиме, подготвени сме. Фудбалот е ист, нема разлика дали играат мажи или жени. Правилата се исти, ќе се однесувам исто како кога судам женски натпревар“, рече Фрапар, која во април почна да суди мечеви од француското првенство.

Четврти судија ќе биде Турчинот Џунејт Чакир, кој им даде поддршка на колешките.

„Храбри се, нема да се исплашат ако треба да донесат непопуларни одлуки“, рече Чакир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести