Капитенот на фудбалската репрезентација на Украина, Тарас Степаненко, смета дека мора да се внимава на македонските фудбалери на утрешниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
„Македонија има многу добри фудбалери на коишто мора да се внимава. Многу добро се сеќавам на мечот во Букурешт. Тоа беше многу тежок натпревар. Бевме подобар противник во поголемиот дел, но на крајот промашивме пенал и можеше многу лошо да заврши со нас. Затоа многу се подготвуваме за овој меч и во ниту еден момент не смее да дојде до наше опуштање“, рече Степаненко на денешната прес-конференција.
Натпреварот ќе се игра утревечер од 20.45 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“. Македонија досега одигра еден натпревар во којшто славеше над Малта со 2:1, додека Украина загуби од Англија со 2:0.