Рахим Стерлинг до Ријад Марез – „тачдаун“ за Сити

Лош терен, кој изгледа како нива за одгледување компири, линии на секои десет јарди за потребите на мечот во американскиот фудбал, и логото на НФЛ-лигата на средината на теренот беше сликата која можеше да се види на славниот „Вембли“, на синоќешниот меч помеѓу Тотенхем и Манчестер сити.

Гостите победија со 1-0, со голот на Ријад Марез по додавањето од Рахим Стерлинг, а критичарите ќе кажат дека овој „НФЛ-меч“ го одлучил тачдаун на Марез, по додавање од „квотербекот“ Стерлинг.

Во неделата, на „Вембли“ играа Филаделфија иглс и Џексонвил џагуарс и теренот беше доста оштетен, но гостите не се бунеа и одлучија да играат. Се покажа дека Тотенхем има поголем проблем да игра на ваков лош терен и со нацртани линии од два различни спорта, кои збунуваат.

- Оглас -

Најнови вести