Тотенхем ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите против Ајакс откако ја преживеа англиската драма во реваншот против Манчестер сити.
На „Етихад“ во Манчестер, домаќините победија во реваншот со 4-3, но тоа не беше доволно за пат понатаму. Тотенхем благодарение на трите голови на гости оди понатаму, откако го доби првиот меч дома со 1-0.
Мечот беше исклучително драматичен, со многу пресврти и за историја, бидејќи дури пет гола паднаа во првите 21 минута.
Поведе Сити со голот на Рахим Стерлинг во четвртата минута, потоа Хеунг-мин Сон со два гола за 180 секунди до десеттата минута направи пресврт за 1-2, но пак домаќините поведоа со головите на Бернардо Силва во 11-тата минута и на Стрелинг десет минути подоцна.
Сити во 59-тата минута, по голот на Кун Агуеро, имаше предност од 4-2, доволно за полуфинале, но тоа не го дозволи резервниот напаѓач на Тотенхем, Љоренте. Тој погоди во 73-тата минута, голот на Стерлинг за хет-трик во судиското продолжение беше поништен, па Тотенхем ја доби англиската битка за полуфинале.