31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Стерлинг погоди во големиот јубилеј, Манчестер сити против Евертон се загреваше за мега дуелот против ПСЖ (ФОТО)

Актуелниот првак на Англија, Манчестер сити немаше проблеми против Евертон совладувајќи го со лесни 3:0.

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола имаа целосна доминација во текот на сите 90 минути, и практично не му дозволија на противникот да „мрдне“.

Во 44. минута, Рахим Стерлинг на својот јубилеен 300 настап во Премиер лигата, даде гол по прекрасната асистенција на Жоао Кансело.

Родри постигна гол, со убав удар надвор од 16. метри и згоелми на 2:0, додека, конечните 3:0 беа дело на Бернардо Силва во 86. минута.

Со овие три, Манчестер сити дојде до 26 бода и се врати на второто место. Сето ова беше еден полесен тренинг за тимот пред мега дуелот со ПСЖ во среда, кој ќе одлучува за првото место во групната фаза од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести