Рахим Стерлинг го стигна Хеунг-мин Сон со уште еден погодок, па сега е 2:2 во меѓусебниот гол-двобој, а Манчестер сити по 21 минута игра, води со 3-2 против Тотенхем во неверојатниот реванш-меч од четвртфиналето.
Досега не се случило за 21 минута да има пет голови на меч од елитното натпреварување, а како што тргнало, може да се очекуваат уште погодоци.