Стигна демант: Хотелот на Кристијано Роналдо во Мароко не е ставен на располагање на жртвите од земјотресот

Мароко пред два дена беше погоден од силен земјотрес од којшто загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а илјадници останаа без домови. Народот во Маракеш, најпогодениот град од земјотресот, деновите ги поминува на отворено, па голем број хотели ги отворија вратите за настраданите и им понудија преноќиште.

Според информациите од европските медиуми, тоа било случај и со хотелот на Кристијано Роналдо, „Пестана КР7“, но од генералниот менаџер пристигна демант дека тоа не е точно и дека немаат примено „бегалци“ во хотелот.

Португалецот освен во Маракеш, има хотели и во Лисабон, Мадрид, Барселона и Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести