Лионел Меси дефинитивно ќе го облече дресот на Аргентина откако ќе му истече тримесечната суспензија од КОНМЕБОЛ. Казната на Меси му завршува на 5 ноември, десетина дена пред репрезентативната пауза во ноември, па мегаѕвездата на Барселона се најде меѓу 23-цата избраници на селекторот Скалони за пријателските дуели против Бразил и Парагвај.
Меси последен пат го носеше дресот на Аргентина на Копа Америка, кога по дуелот со Чиле за трето место, ја заработи суспензијата откако ја обвини Јужноамериканската фудбалска асоцијација за местење натпреври за време на континенталниот собир. Во составот се најде и Серхио Кун Агуеро, кој исто така нема настапено за селекцијата од август годинава.
Гаучосите на 15 ноември ќе одиграат репризен дуел од полуфиналето на последното Копа Америка, кое му припадна на подоцна шампионот Бразил со 2-0, додека три дена подоцна силите ќе ги одмерат со репрезентацијата на Парагвај.
https://twitter.com/Argentina/status/1189932031863644161