Играчот за врска Диего Деме е нов член на Наполи, потврди италијанскиот вицепрвак. Деме пристигна на „Сан Паоло“ за сума од 13 милиони евра од редовите на Лајпциг, својот потпис на договорот со Наполитанците го стави откако денес во Рим ги помина медицинските прегледи, во пресрет на дербито против Лацио.
Деме од 2014 година беше член на Црвените бикови, а веќе извесно време беше стандарден првотимец. Оваа сезона настапи на вкупно 24 меча на кои постигна само еден гол.
Со ангажманот на Германецот, се зголеми конкуренцијата во средината за нашиот Елиф Елмас, а се претпоставува дека и Станислас Лоботка, играчот на врска на Селта Виго, исто така ќе потпише со Наполи. Со тоа се очекуваат неколку заминувања од Неапол, а ќе се види каков статус ќе има македонскиот дијамант по овие промени во средниот ред.
https://twitter.com/sscnapoli/status/1216018011368325120