Еден од ретките фудбалери кои беа актуелни на светската сцена уште од минатиот век, Златан Ибрахимовиќ му рече збогум на професионалниот фудбал. По 24 години поминати во врвни клубови, Ибра си замина од професионалната сцената.
Каде и да играше, тој беше ѕвезда во екипата, лидер на теренот. Ибра денеска реши и официјално да каже збогум со порака преку својот инстаграм-профил.
„Започна со сон. Сон кој го претвори невозможното во возможно. Роден сум во Малме. Израснав во Амстердам. Во Торино станав помудар. Лав станав во Барселона. Созреав во Милано, а во Париз открив нови можности. Издржливоста ја стекнав во Манчестер, а во Лос Анџелес се забавував. На крајот го најдов мирот во својот двор, во Милано. Ви благодарам за сè. Мино, успеавме. Возењето заврши. Ова беше неверојатно патување. Ми недостасуваш“, напиша Ибра во дел од пораката.
Ибрахимовиќ во кариерата одигра вкупно 866 меча и постигна 511 голови.