Стигна објаснување зошто е регуларен голот на Вест хем против Арсенал (Фото)

Вест хем го изненади Арсенал на гостински терен и победи со 2:0 во синоќешниот дуел на двата лондонски тима. Овој пораз за Топчиите значеше дека го загубија првото место на табелата во Премиер лигата, додека Вест хем се искачи на шестото место.

Изненадувањето на „Емирати“ го најави Томаш Соучек со голот постигнат во 13-тата минута. Овој гол предизвика бурни реакции на фановите на Арсенал бидејќи сметаат дека топката ја поминала гол-линијата.

Главниот судија гледаше повторена снимка, но ВАР технологијата не можеше да потврди дека топката со целиот обем била надвор од теренот, па погодокот е признаен. Некогашниот англиски судија Марк Клатенбург даде свое видување на целата ситуација, велејќи дека голот е исправно признат.

„Одлуката на теренот е дека голот е регуларен, па за да биде поништен мора да биде ппронајден цврст доказ дека не е така. Откако немаше цврст доказ дека голот е нерегуларен, судијата мораше да потврди дека е погодок. Помошникот судија не можеше јасно да види дали топката е со цел обем излезена. Потоа беше користена и технологијата за офсајд позиции. Постојат две референтни точки. Едната е на гол-линијата, а за жал, другата референтна точка која им е потребна да се фокусира на топката е блокирана од бутот на Бовен. Ова е ситуација кога има технологија на располагање, но за жал не е од корист“, објасни некогашниот судија Клатенбург.

Според најавите, во иднина овие ситуации може да с корегираат, ако во топката биде поставен чип и ако топката е чипирана, технологијата многу брзо може да даде одговор дали била надвор од полето за игра или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести